Македонија
1. July 2024 - 12:35

УХМР: Утре нестабилно време со пороен дожд, грмежи и град

Утре ќе преовладува променливо облачно време. Во раните утрински часови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во текот на денот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интезивен пороен дожд, силен ветер (над 70 км/час) и град, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во среда и во четврток времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен пороен дожд и грмежи и ќе дува
умерен до засилен северен ветер. Потоа се очекува стабилно и потопло време.