Македонија
1. July 2024 - 12:15

Македонскиот амбасадор во Албанија на средба со министерот Муцунски по објавените податоци од пописот

Македонскиот амбасадор во Албанија денеска е повикан на отчет пред министерот за надворешни Муцунски за пописот во Албанија. Данчо Марковски е повикан на консултации откако во петокот беа објавени пописнните резултати според кои има драстично намалување на македонското малцинство.

Како што претходно информираше Министерството за надворешни, амбасадорот треба да објсни што се случувало пред и за време на спроведување на пописот, постапките на македонските институции но и какви насоки имало МНР. 

Претходно, преставниците на македонските партии и здруженија во Албанија ги отфрлија податоците од пописот. Обвинуваат за манипулации, но и притисоци од Бугарија.. Жители на Пустец откриваат дека се нуделе пари и пасоши за македонците да се попишат како Бугари.

Незадоволство од пописот има во Грција.. Властите во Атина ја повикаа Албанија да ги почитува малцинствата, бидејќи како велат, од тоа зависи и членството во ЕУ.