Живот
29. July 2016 - 9:28

Зошто кутијата за пица е правоаголна, а не тркалезна

Пицата, едно од најпопуларните јадења во светот е тркалезна, се сече на триаголници, а се доставува во правоаголни кутии. Зошто?

Ако некогаш ве мачел одговорот на ова прашање, тој е многу едноставен. Производството на правоаголни кутии е поедноставно и поевтино. Освен тоа, таквите кутии лесно се пакуваат при достава.

Тркалезните кутии мора да се состојат од два дела, сад и капак, а правоаголните лесно се изработуваат од едно парче картон.

Во прашање не се никакви измами, туку, како и во голем број други случаи, практични причини.