Loading Video...
Македонија
11. November 2024 - 21:16

Алтернативи за прочистување на воздухот: Подготвена ли е Македонија да ги следи светските трендови?

Кули прочистувачи на воздухот, т.н. City Trees… Додека Скопје речиси секојдневно е на врвот на светските неславни листи најзагадени градови, развиентие држави бараат алтернативни концепти за да го подобрат амбиенталниот воздух.

Таков е примерот со Сиан, град во централна Кина. Уште во 2017 година изграден беше најголемиот прочистувач на воздухот во светот. Оваа висока кула, според пишувањата на тамошните медиуми, видно ги намалила вредностите на ПМ 2,5 честички во воздухот во овој град. Но и овој прототип-дизајн има свои лимити. Тој не може целосно да го исчисти воздухот, но може да помогне во намалување на аерозагадувањето. Сепак, ова е скапа инвестиција. На кинезите потребни им биле 2 милиони долари за да ја изградат, а годишно потребни се околу 300.000 долари за да може да функционира.

Smog Free Tower е сличен, но помал дизајн. Ваква кула за првпат е произведена во Холандија, а сега таква има една во Ротердам и шест во Пекинг, но поставени се и во Краков, Полска, кака и Јужна Кореја. Овие седум метарски кули имаат за задача да го филтрираат воздухот и да ги отстранат опасните честички.

За нас најпознати се т.н. City Trees, или градски дрва. Тие се прекриени со мов. Едно такво заменува 275 засадени дрва. Меѓутоа, и нивното одржување е скапо. За да функционира нормално, потребни се околу 400.000 евра годишно.

За експертите во Македонија, ова е локално решение. Од О2 Коалиција за Сител велат дека прво треба да се постават основни услови, како менување на начинот за загревање, подобар еколошки јавен превоз, стимулирање на намалување на сообраќајот.

- Ние имаме многу чекори пред да дојдеме до алтернативните начини. А ние сметам дека ништо не правиме во однос на тие чекори, пред се урбанизмот. Наместо, како што градови гледаме, говорите за алтернатива, колку градови имаме слика кадешто наместо урбанизам предвидуваат зазеленување? Колку градови предвидуваат намалување на сообраќајот, односно зголемување на зелената површина во центарот на Градот? Ние се правиме обратно. Потоа е се џабе. Сметам дека ние стартот го немаме и тој не треба да биде сега, во зимските месеци, сега треба да сфатиме дека веќе 10 години имаме толку големо загадување и потребни се драстични мерки бидејќи од зборење е веќе доста, вели Татјана Стојановска од О2 Коалиција.

Во изминатите години, но и сега од надлежните постојано слушаме за истражувања со кои се бараат главните загадувачи на воздухот. Тоа без исклучок, во секој извештај се домаќинствата кои за греење користат дрва. Аерозагадувањето за властите е тема само во зимските месеци, но кога температурите ќе се зголемат сите забораваат дека се гушиме во зима.