Loading Video...
Фудбал
28. November 2020 - 19:50
Значајна победа на Вардар против А.Пандев
Фудбалерите на Вардар ја продолжуваат успешната серија против Академија Пандев и попладнево славеа со 2-0 на Арената Тоше Проески во рамките на викенд колото од домашното првенство.
Цветаноски обезбеди водство за црвено-црните по прецизно завршената соло акција а во продолжението гостите преку Стоилов не реализира пенал што им ја отвори вратата на црвено-црните кон победата.
За тоа се погрижи Филип Петковски кој погоди со глава во 85-тата минута за конечни 2-0 за Вардар кој сега има вкупно 19 бодови на прволигашката табела.
-
Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->