Фудбал
19. November 2023 - 21:31

Македонија-Англија утревечер на Националната арена

Прес-конференција вечерва пред утрешниот натпревар одржа и Англиската репрезентација. Од Националната арена во Скопје порачаа дека очекуваат многу подобра игра од таа во Манчестер, но и полн стадион во Скопје.

И селекторот Гарет Саутгејт и фудбалерот Деклан Рајс очекуваат со победа да ја завршат годината.

Позитивни очекувања има и во Македонската фудбалска репрезентација. Селекторот Милевски и капитенот Димитриевски претходно најавија дека со нови сили ќе ги вложат сите напори за поволен резултат утревечер.