Спорт плус
6. March 2017 - 15:13

Злато за Георгиевски на „Софија опен“

 
Дејан Георгиевски постигна голем успех со освојувањето на златниот медал во сениорска конкуренција на Меѓународниот Г-1 турнир „Софија опен“ на кој учествуваа 1.400 натпреварувачи од над 80 држави.
 
Дејан Георгиевски до злтаниот медал извојува четири победи над противници од Аргентина,Германија,Србија и Хрватска. Хрватот Ведран Голец, кого го совлада во финалето, е еден од најдобрите таеквондисти во светот.
 
 
Филип Додевски во јуниорска конкуренција го освои бронзениот медал.
 
Храбри борби покажаа и останатите репрезентативци,особено Марко Аврамовски кој помина две кола и забележа пораз во борбата за медал.
 
Да потсетиме дека на Г-1 турнирите се собираат бодови за Олимпијадата во Токио 2020 година.