Живот
13. July 2015 - 8:48

Жители на Лондон живеат на бродови, бидејќи становите им се прескапи!

Наемнините на изнајмување станови во Лондон растат со вртоглава брзина, па затоа се поголем број жители на британскиот главен град почнаа да живеат на бродови. 

Еден од нив е и 39-годишниот наставник Џим Бриден, кој веќе две години живее на бродче заедно со неговата девојка, а друштво им прават и домашните миленици - куче и маче.

Тој вели дека на бродчето дошол бидејќи месечната наменина за живеење во Лондон надминала половина од неговата просечна плата.

Бродчињата кои се наоѓаат во каналот Регент во Лондон можат да се купат за 14.000 евра, а тие нудат и своевидна слобода. Но, потенцијалните станари мора да знаат дека тие не пружаат комфор.

Од друга страна, бродовите се често на удар на крадци, а многу од нив се и нелегално во каналот.

Ширината на бродовите е околу 2,1 метар. Нивната внатрешност може да се преуреди и да се опреми по желба, па така вредноста на некои од овие „станови на вода“ изнесува и по неколку стотици илјади евра.