Женско рели низ улиците на Скопје
Женско рели ќе се одржи денеска низ улиците на Скопје, во организација на Автомобилистичката федерација на Македонија (АФСМ). Релито е структурирано во два дела: градско возење по однапред дадена рута (се дава непосредно пред почетокот на релито) и брзински испит т.н. гимкана. Учесничките на #женскорели2025 имаат обврска да поседуваат возачка дозвола и сопствено возило, а во тимот имаат и совозач.
- Шести пат организираме ваков настан, каде низ натпревар на вештини и брзина ги поттикнуваме сите девојки и жени активно да се вклучат во овој убав спорт. Преку вклучување во автомобилизмот, нашата федерација придонесува не само во забава, туку и развој и промоција на
вредности и култура на однесување во сообраќајот. Сметам дека ова е навистина важно за сите нас и како девојки, жени ќе испратиме силна
порака на еднаквост, на позитивен дух, внимание и почит кон сите со кои се натпреваруваме, но и со кои секојдневно се сретнуваме, возејќи низ градските улици, вели Кристина Станојковска, потпретседател на АФСМ.
Релито е поддржано од повеќе домашни и меѓународни партнери на Автомобилистичката федерација на Северна Македонија која е членка на Светската автомобилистичка федерација (ФИА).
Ново на Сител
-
Израел ќе престане да испорачува струја за Појасот Газа
-
Во Албанија се очекува дијаспората да има влијание на изборите на 11 мај, за гласање регистрирани 246 илјади албански граѓани во странство
-
Мицкоски: „Никогаш повеќе“ не е само фраза, тоа е залог
-
Се запалил автомобил на Бит Пазар, нема повредени
-
20-годишен скопјанец нападнат по недоразбирање во сообраќајот
-
Делови од Центар и Гази Баба утре без вода
-
Кикбоксерите пример за промоција на крводарувањето во Македонија
-
Успешна кикбокс завршница на ВАКО светскиот кикбокс куп “Италија 2025”