Македонија
17. October 2022 - 16:17

Жена контролор и патник се степале во автобус на ЈСП

На 16.10.2022 во 08.20 часот било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода, во автобус на ЈСП бр.67, по претходна расправија околу проверка на возен билет, бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу И.С.(38), вработена како контролор во ЈСП и патник Н.З.(48), двајцата од Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.