-->
-->
Зголемен бројот на заболени од грип во Крива Паланка и Ранковце
-->
Расте бројот на лица заболени од грип на подрачјето на општините Крива Паланка и Ранковце. Во февруари бројот на лица заразени со ова вирусно заболување бележи значителен пораст во однос на јануари, информираат од подрачната единица на хемиско-епидемиолошката служба на Центраот за јавно здравје, Крива Паланка.
Според официјалните статистики од изминатите три месеци, бројот на заболени од грип е во постојан пораст.
- Во февруари во двете општини се регистрирани 36 случаи на заболени од грип. Лицата се претежно на возраст од 15 до 64 години и тоа 32 случаи, две лица се на возраст од 5 до 14 години, а има евидентирано по еден случај на дечиња од една до четири години и над 65 годишна возраст. Споредено со бројките од јануари, кога се регистрирани 11 лица заболени од грип и декември кога немаше регистрирано ниту еден случај, бројката од изминатиот месец покажува значителен пораст, изјави доктор Елена Крстевска од ПЕ на ХЕС, Крива Паланка. Споредено со истиот месец минатата година, кога бројот на заболени достигнал 85 пријавени случаи, оваа година бројот на заболени е двојно помал.
- Со оглед на тоа дека се уште трае сезоната на респираторни инфекции, бројот на заболени од грип не е во значителен пораст во спредба со истиот период минатата година, но месеците февруари и март се најкритични по однос на ова заболување. Оваа година бројот на примени вакцини против грип е поголем во споредба со минатата година, а применети се низа превентивни мерки, што влијаеше на намалување на бројот на заболен, додаде Крстевска.
Во сезоната на вакцинација имунизација против грип извршиле 224 лица од Крива Паланка и Ранковце, додека во 2014 оваа бројка изнесувала 150.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бобан Стефковски, градоначалник на Гази Баба
-
Муцунски бара дијалог и взаемна почит - Георгиев внесување на бугарите во Уставот за отворање поглавја
-
Во Минхен средба Муцински-Георгиев – Мицкоски ќе се обрати на конференцијата утре
-
Филков: Коцевски направи сериозни грешки како јавен обвинител
-
Не сме виновни за високите цени, доматите 120 во маркет, а откуп 30 денари, велат производителите
-
Кога ќе заврши епидемијата на голема кашлица во Скопје која трае повеќе од една година?
-
Театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп одбележува 75 години постоење во мизерни услови
-
Најава за продолжување на изградбата на стариот Струмички театар