-->
-->
Зголемен бројот на сообраќајки во Крива Паланка
-->
Бројот на сообраќајни незгоди на подрачјето на општина Крива Паланка во второто полугодие од 2015 бележи пораст од 54 осто споредено со истиот период претходната година, се наведува во информацијата за превземени мерки и активности во текот на второто полугодие лани на Полициската станица од општа надлежност, Крива Паланка, презентирана на 30-та седница на Советот на општина Крива Паланка.
Во второто полугодие лани регистрирани се 37 сообраќајни незгоди, што во однос на истиот период во 2014 година, кога биле регистрирани 24 дела бележи раст од 54 отсто.
Од вкупниот број случени незгоди, 19 се со повредени лица, и тоа со повреди се здобиле 41 лице, додека останатите 18 сообраќајки се само со материјална штета. Материјалната штета во сиет случаи била под 50 просечни плати остварени во стопанството.
Во Информацијата на ПС ОН, Крива Паланка се наведува дека превземени биле и повеќе мерки на превентивно-репресивен план, за управување под дејство на алкохол, без возачка дозвола, како и управување на технички неисправно или нерегистрирано возило, при што од сообраќајот биле исклучени 94 возачи и 72 возила.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Над девет милиони шверцувани цигари откриени на атинското пристаниште Пиреас
-
Безживотно женско тело извадено од водите на Вардар
-
Захарова: Зеленски се покажа како крволочно чудовиште
-
Кремљ: Путин е подготвен за разговори со Трамп
-
Лазаров по мечот со Хрватска: Се боревме од почеток до крај, тоа ни беше главна цел
-
Ѓоковиќ тврди дека бил отруен за време на притворањето во Австралија пред три години
-
Полицајци на Царина барале поткуп кој потоа го делеле меѓу себе - Обвинение за 16 лица во предметот „Премин“
-
Се изготвува ново законско решение за сообраќајните камери