Свет
18. February 2021 - 9:04

Земјотрес со јачина од 5,6 степени во Иран - Разрушен градот Сисахт, најмалку 10 повредени

Најмалку десет лица се повредени во земјотресот со јачина од 5,6 степени во областа на југозападен Иран, јави иранската држава телевизија.

Епицентарот на земјотресот бил во близина на градот Сисахт, каде и е најзабележителна материјална штета. Земјотресот успеал да сруши повеќе домови.

Населението на Сисахт и Јасуј е евакуирано, а спасувачките екипи и брзата помош се излезени на терен за да им помогнат на повредените.