Земјотрес од седум степени ја погоди Алјаска
Земјотрес со интензитет од седум степени според Рихтеровата скала е регистриран во близина на јужниот брег на Алјаска, соопшти Американскиот геофизички институт.
Локалните власти издадоа предупредување за појава на цунами.
Претходно, Американскиот геофизички институт соопшти дека земјотресот бил со интензитет од 6,7 степени.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 41 километар и на оддалеченост од 12 километри од Енкориџ, најголемиот град на најсеверната американска сојузна држава.
По силниот земјотрес уследи послаб потрес.
Засега нема информации за жртви, а причинета е значителна материјална штета.
На Алјаска годишно просечно има по 40.000 земјотреси, а поголемиот број од нив се силни.
На 27 март 1964 година на Алјаска беше регистриран најсилен земјотрес во историјата на САД, со интензитет од 9,2 степени. Епицентарот на земјотресот бил околу 120 километри источно од Енкориџ, а потоа уследи цунами, при што загинаа околу 130 луѓе.
Ново на Сител
-
Македонија пред полноќ ќе добие влада
-
Детектор: Македонија назадува во приближувањето кон ЕУ
-
Преглед на вестите од светот
-
Македонија пред полноќ ќе добие нова влада
-
Приватните превозници утре ќе возат само до 10 наутро
-
Заеднички служби го подготвуваат тендерот за набавка на нова компресорска станица
-
На Очна Клиника за прв пат операција во едно - и на катаракта и на глауком
-
Кога МЗ ќе го санира срушениот ѕид кај Детска клиника?