Земјоделци го блокираа патот Градско-Росоман
Земјоделци денеска го блокираа патот од Градско-Прилеп, реагирајќи, како што рекоа, против тиранската платформа и за решавање на политичката криза заради исплата на субвенциите и обесштетувањата поради зимското и пролетно мрзнење на овошните насади. Блокадата траеше половина час, а земјоделците беа таму со македонски знамиња и механизација.
- Ние земјоделците се собравме тука на еден протест на кој го изразуваме проблемот со тиранската платформа. Мислам дека работите во земјоделието не ни се розови, многу ни се тешки. Голем дел од лозјата се измрзнати 100 проценти, проблемите ни се таложат. Но, најпрвин како земјоделци сакаме да порачаме државата да ја сочуваме да ни биде целовита. Поради тоа што со тиранската платформа којашто некој ни ја наметнува сака само да се дограби до власта, да ја стави државата на коцка за свои лични интереси. На интереси на поединци кои сакаат да ја растураат државата. Да ја разнебидат, нагласи Љупчо Аризанов, претседател на Регионалниот Сојуз на лозари "Агротиквешија" од Кавадарци.
Тој изрази надеж дека субвенциите ќе бидат исплатени во законскиот рок, крајот на месец јуни.
Нагласи дека станува збор за спонтано собирање на земјоделците и верува дека истото ќе продолжи понатаму, поради тоа што имаат најава за присилно формирање на влада и преземање на власта.
- Ние немаме ништо против нека формират влада нека ја земат власта, но пред се да се откажат од тиранската платформа. Тиранската платформа е таа која што ја уништува државата и ја разнебитува, рече Аризанов.
Кавадарчанецот Дано Јошев рече дека тиквешките земјоделци се вредни и допринесуваат во буџетот, но имаат потреба од обесштетување.
- Затоа бараме измени во законот за во ваков правен вакум да нема пречки за добивање на субвенции и обесштетување поради мрзнење на земјоделските насади, нагласи тој, додавајќи дека е ова предупредувачки апел за во иднина да се преземе нешто на овој план.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Диме Велев, претседател на Сојуз на здруженија на дијабетичари
-
Трајановски најавува градежна офанзива во патната инфраструктура
-
Трет ден комисиска расправа за предлог-буџетот за 2025 година
-
Мицкоски ги повика банките на општествена одговорност
-
СДСМ: Власта ја партизира АЕК
-
Мицкоски: Нема да има отстапки во позициите за ЕУ перспективата
-
Четвртина од населението во државата не знае дека има дијабет
-
Зголемен бројот на деца со тешкотии при читањето