Трајановски најавува градежна офанзива во патната инфраструктура
Првиот човек на ЈПДП, Коце Трајановски најавува градежна офанзива до крајот на оваа и во следната 2025 година во делот на патната инфраструктура. Покрај автопатските делници, во план е изградба и на неколку обиколници.
- Моментално сме во подготовки на проектирање на обиколница околу Кавадарци. Воедно, при крај се проектите за обиколница кај Ресен, за обиколница на Битола па се до Меџитлија, а следна година ќе започнеме со проектирање на патот од Куманово до Страцин, изјави Коце Трајановски, директор на ЈПДП
Ќе се работи и на нова делница за поврзување со соседна Албанија.
- Наместо да се оди горе на Ќафа сан, да се направи тунел од наша и од албанската страна. Веќе има прелиминарни договори со албанската Влада по пола да се финансира тој тунел, така што ќе биде многу полесно, побезбедно и побрзо движењето меѓу Македонија и Албанија, додаде Трајановски
Моментално се работи на рехабилитација на регионалниот пат кој ги поврзува општините Штип и Карбинци.
- Преку јавното претпријатие се вложени околу 30 милиони денари, за потребите на жителите на двете општини кои транзитираат по овој патен правец, изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип
За продолжување на градежната сезона, при ниски темепратури ќе се работи со технологија на т.н. зимско асфалтирање со соодветни адитиви, а ќе се работи и ноќе.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар