Земјата од 1994 година изгубила 28 трилиони тони мраз
Од 1994 година од површината на Земјата се изгубени вкупно 28 трилиони тони мраз, а до овие податоци дојдоа британските научници кои користеле сателити за да ја истражат површината на Земјата.
Ова количество на загубен мраз научниците од универзитетите во Лидс, Единбург и Лондон го опишаа како „зачудувачко“, пишува „Гардијан“.
-Доколку глечерите и ледените плочи продолжат да се топат со ова темпо, секој сантиметар раст на нивото на морето ќе значи околу еден милион луѓе да бидат раселени од нивните домови, објасни професорот Енди Сефард од Универзитетот во Лидс.
Научниците посочуваат дека топењето на мразот во овие количества сериозно ја намалува можноста Земјата да го одбие сончевото зрачење назад во вселената. Мразот исчезнува, а морето или земјата под него апсорбираат се повеќе топлина, со што се зголемува затоплувањето на планетата.
-Истражувачите во минатото проучувале само одредени области, како што се Антарктикот или Гренланд, гледајќи каде и колку се топи мразот. Ова е прв пат некој да ја проучи целата површина на земјата. Она што го најдовме не остави без зборови”, рече Сефард.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Трамп избран за претседател на САД
-
Рамноправен регионален развој за спречување на иселувањето
-
Фетаи: Администрацијата е неефикасна и политизирана, потребни се реформи
-
Високото образование ќе се реформира од корен, нов закон, студиски програми, повеќе пари за наука
-
Трамп избран за претседател на САД
-
По победата на Трамп, Мицкоски очекува зајаканати односи Македонија – САД
-
Преглед на вестите од светот