Зеленски: Се обидуваат да не уништат и да не избришат од лицето на земјата
Украинскиот претседател Володимир Зеленски утрово реагираше на веста за експлозиите низ земјата, велејќи дека Русите „се обидуваат да ја уништат“ Украина.
– Ги уништуваат нашите луѓе кои спијат дома во Запорожје. Убиваат луѓе кои одат на работа во Дњепар и Киев. Воздушната тревога не стивнува низ цела Украина. Тие се обидуваат да не уништат и да не избришат од лицето на Земјата, рече Зеленски.
Антон Герашченко, советник на министерот за внатрешни работи на Украина, на Твитер објави фотографии од нешто што изгледа како игралиште со натпис: „Детско игралиште во центарот на Киев по нападот“.
Според него, од нападите на Киев досега е потврдена смртта на пет лица, а повредени се 12.
Михаило Подољак, советник на претседателот Володимир Зеленски, изјави дека „намерните напади“ врз центарот на Киев, како и нападите врз Запорожје на југ и Дњепар во централна Украина, се уште еден доказ за „терористичката неадекватност на Кремљ“.
– Русија не е способна да се бори на бојното поле, но е способна да убива цивили. Наместо разговори, потребна ни е противвоздушна одбрана, МЛРС, ракети со поголем дострел, нагласи тој.
Ново на Сител
-
Мотоциклист загина при судар со автобус на патот Охрид-Ресен
-
Меџити: Гаши и Мицкоски со различна агенда се во Вашингтон
-
Богатото македонско културно наследство честа мета на крадците
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот за придобивките од членството во НАТО
-
Едно лице задржано во полиција по убиството во Тетово
-
Почна посетата на Вашингтон на владината делегација предводена од Мицкоски
-
Фрчковски повикан на консултации во МНР