Зеленски ја гледа Украина на патот кон членство во НАТО
Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа рече дека сè уште ја гледа неговата земја на патот кон членство во НАТО, и покрај тоа што руската агресивна војна не покажува знаци на запирање по 13 месеци борби, пренесе ДПА.
Оваа недела е забележано добро „движење кон НАТО“, со новата воена помош од Западот и други изрази на меѓународна поддршка, рече Зеленски во редовното видео-обраќање.
Тој се осврна на тоа што Литванија предложи да ја покани Украина да стане членка на НАТО на самитот на воената алијанса во Вилнус во јули. Тој и се заблагодари на Литванија.
Парламентот на балтичката земја одлучи оваа недела да побара покана за Украина за членство во Алијансата на самитот закажан за 11 и 12 јули.
Аспирацијата на Украина да се приклучи на НАТО Кремљ често ја наведува како една од причините за целосната инвазија на Русија која почна минатиот февруари.
Зеленски минатата година се заложи за „забрзан“ пристап во НАТО, надевајќи се дека Украина ќе добие повластен третман. САД и другите членки на НАТО, како Германија, изразија резервираност околу тоа, имајќи предвид дека еден од предусловите за приклучување е да не се вклучени во меѓународни конфликти.
Зеленски во пораката апелираше за поддршка од земјите кои допрва треба јасно да се дистанцираат од Русија, велејќи дека Украинците се борат за универзални вредности кои се блиски до сите народи.
– Секој ја цени безбедноста и заштитата од терор, рече Зеленски и додаде дека „Русија се залага за концентрациони логори, депортација на деца, силување жени и палење градови“.
Ново на Сител
-
Утре седница за интерпелации: Власта тврди се ќе заврши брзо
-
Тема на денот со Александар Ивановски, директор на Европската Фискална Конфедерација
-
МОН затвори уште еден приватен институт, ќе се мониторираат дипломите и магистерските
-
Цените на станбениот квадрат уриваат рекорди, колку се реални?
-
Судот во Перник: Пропустите на автопатот „Струма“ придонесоа за несреќата на „Беса Транс“
-
Бајден пред заминување ги заостри санкциите кон Западен Балкан
-
Петрушевски: Сите се дистанцираат од Груби, освен СДС
-
Панихида за Мара Бунева во недела, партијата Преродба со провокација