Зеленски ги повика западните сојузници да испратат оружје со поголем дострел
Украинскиот претседател Володимир Зеленски уште еднаш итно го повика Западот да и обезбеди на Украина оружје со поголем дострел поради напредувањето на неговите војници во руската област Курск, јави ДПА.
-Способноста на украинските вооружени сили да користат такво оружје против Русија е најважното стратешко прашање на оваа војна, рече Зеленски во своето вечерно видео обраќање.
Според него, во моментов недостасуваат неопходните решенија од страната на западните сојузници. Тој го наведе примерот на Британија, за која рече дека станала побавна во делувањето.
-И ние би можеле ефикасно да ја одземеме секоја можност за окупаторот да напредува и да нанесе штета доколку нашите можности за удар на долг дострел беа доволни. Светот виде колку ефикасно Украина ја брани својата независност и ѝ треба дополнителна помош, нагласи Зеленски.
Украинскиот претседател повторно спомна разговор со врховниот командант на вооружените сили Олександар Сирски, кој го информираше за натамошен напредок во руската област Курск.
-Операцијата се развива точно како што очекувавме. Храброста на Украинците постигнува голем успех. Сега ги зајакнуваме нашите позиции, рече Зеленски.
Тој, исто така, повторно спомна дека Украина заробува се повеќе руски воени заробеници во регионот Курск за да го надополни нивниот број за следната размена со Русија. Според него, целта е да се вратат дома војниците и цивилите во руско заробеништво.
Според последните информации од Киев, Украина контролира над 80 населени места и 1.500 квадратни километри земјиште во областа Курск. Приближно 10.000 украински војници се стационирани во регионот Курск.
Зеленски има намера преку офанзивата започната на 6 август да го зголеми притисокот врз Москва за прекин на непријателствата преку преговори, посочува ДПА. Од руска перспектива, сепак, овие преговори изгледаат сè поневеројатни поради украинската офанзива.
Ново на Сител
-
Од 15 ноември задолжително поседување зимска опрема
-
Околу 350 деца Роми ќе бидат згрижени бесплатно во јавните градинки во 21 општина
-
Приведен вработен во ЈП Национални шуми - Добивал по 200 евра месечно за дозволи за сеча на дрва
-
ЦУ: Спречени обиди за криумчарење кокаин, цигари, облека и нелегален изнес на девизи
-
Приведени крадци од Боговиње
-
Изгаснат пожарот во Бутел 1, опожарен и дел од кровната конструкција на соседната барака
-
Автоматски пушки и муниција пронајдени во селото Грешница, поведена истрага
-
Суд во САД: Свршеничкиот прстен му припаѓа на давателот по раскин на веридбата, без оглед чија е вината