Кумановските пожарникари цела ноќ гаснеле пожар на кров на зграда
Кумановските пожарникари цела ноќ гаснеле пожар на кровна конструкција на зграда на улицата „Сава Ковачевиќ“ во близина на кумановската болница.
Од Територијалната противпожарна единица во Куманово денеска информмираа дека нема повредени лица. Оттаму велат дека пожарот првично настанал од запален оџак по што се проширил на кровот.
Според командирот на кумановската противпожарна единица Дејан Илиевски, пожарникарите интервенирале со едно возило во периодот од 20:50 до 00:50 часот.
– Вторпат интервенирале седум колеги со две возила од 01:30 до 07:05 часот утрово. Ја пробиле трската под покривот, се додека пожарот не бил ставен под контрола и изгаснат, изјави Илиевски.
Викендов, пожарникарите гаснеле пожар на викендица во селото Горно Којнаре, а интервенирале и на запалена бандера на „Никуљски пат“.
Ново на Сител
-
Маж се фрли од зграда во Аеродром | ФОТО
-
Палевски побара изземање на обвинителката Крстевска и целото ОЈО, судењето одложено за 3 февруари
-
Приведен криминалец кој бил осуден на затворска казна од 11 години
-
Челси го комплетираше најскапиот трансфер во женскиот фудбал
-
Евертон заинтересиран за Артур Мело
-
Бруклин го повлече дресот со број 15 во чест на Винс Картер
-
Анчелоти: Првенството е предолго за да се мисли дека се е готово
-
Консеисао нема проблеми по инцидентот во Калабрија: Не сме во црква, ова е фудбал!