Зеленски ги истакна клучните приоритети за новиот украински министер за одбрана
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска ги истакна клучните приоритети по кои треба да се води новиот министер за одбрана Рустем Умеров.
Киев Индепендент на социјалната мрежа Икс (Х) објави дека Зеленски на Умеров му дал пет приоритети, пред сè да ја зајакне централната улога на Министерството во одбраната.
Приоритетите вклучуваат „војникот како најважна вредност, проширување на меѓународните партнерства, борба против корупцијата, а преку дигитализација и реформа на армијата според стандардите на НАТО“, пишува весникот.
Парламентот на Украина вчера го одобри именувањето на Умеров за министер за одбрана, бидејќи Зеленски во неделата најави разрешување на поранешниот министер Олексеј Резников, кој потоа поднесе оставка.
Умеров (41) дипломирал економија, магистрирал финансии и работел во мобилната телефонија, бил инвеститор, а од 2020 година е член на работната група на Владата која работи на стратегија за ставање крај на руската окупација на Крим.
Од 2022 година е на чело на Фондот за државна сопственост, а познат е како вешт преговарач.
Ново на Сител
-
Сиљановска од Баку: Обединетите нации се маргинализирани тогаш кога се најпотребни
-
Македонија 5 години во НАТО
-
ЦГК: За две години државата потрошила 8,5 милиони евра за нови автомобили
-
Пациенти алергични на полен ги полнат амбулантите
-
Полицијата го зголеми надзорот
-
Преглед на вестите од светот
-
Осомничените кои набавувале сомнителен мазут можно е да одговараат и за екоцид
-
Тема на денот со Фани Каранфилова Пановска