-->
-->
Здравствен дом Кочани со ново санитетско возило
-->
Здравствениот дом од Кочани го збогати сопствениот возен парк со ново санитетско возило марка „дачија дастер“.
Возилото е набавено со сосптвени средства од буџетот на Здравствен дом Кочани.
-Со средства во висина од еден милион и 400 илјади денари обезбедени од сопствениот буџет, успеавме да набавиме уште едно санитетско возило за потребите на Итната медицинска помош и на Здравствениот дом Кочани. Во моментот располагаме со доволен број на возила, односно три нови од кои, две се донација на Министерството за здравство како и две постојни возила донација од Владата на Јапонија, истакна Иван Спанчевски, директор на Здравствен дом Кочани.
Паралелено со набавката на новото возило, во Здравствен дом Кочани се работи и на комплетирање на лекарските тимови за потребите на Итната медицинска помош.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведен тинејџер, полицијата кај него пронашла дрога
-
Поевтинуваат дизелот и Еуросупер БС 98
-
Судскиот совет го одложи утврдувањето на кандидатски листи за избор на двајца членови на Советот
-
Од среда променливо облачно и посвежо со повремен дожд
-
Вработените во Фондот за здравство утре ќе протестираат
-
Србинка барана по Интерпол уапсена на аеродромот во Скопје
-
Утревечер седница на Советот за безбедност на ОН за Босна и Херцеговина по барање на Русија
-
За брзо возење 286 санкции на територија на цела држава