Loading Video...
Свет
17. February 2025 - 21:19

Заврши состанокот на големите сили

ЕУ и САД не смеат да се поделат во мировните преговори за Украина, изјави вечерва германскиот канцелар Олаф Шолц по итниот мини-самит на европските лидери во Париз. Украина сепак треба да се надева на европска поддршка. На состоанокот кој го организираше Макрон се градеа европските позиции во решавањето на руско-украинската војна откако Трамп ја презеде екслузивноста во решавањето на спорот и од разговорите со Русија ја исклучи и Европа и Украина.

Не смее да има поделба на безбедноста и одговорноста меѓу Европа и САД.  НАТО се заснова на тоа ние секогаш да дејствуваме заедно и да го делиме ризикот, а со тоа да ја гарантираме нашата безбедност. Ова не смее да биде доведено во прашање. Го поздравуваме тоа што има разговори насочени кон создавање мир, но ни е јасно дека тоа не значи дека може да има диктиран мир и дека Украина мора да прифати“

Шолц рече дека европските лидери се согласуваат дека Украина мора да има пат кон членство во ЕУ и да може да го брани својот суверенитет и демократија со европска поддршка. Сепак, германскиот канцелар вели дека прерано е задебата з аиспраѓање мировни трупи во Украина.

Во Париз попладнево пристигнаа лидерите на Франција, Германија,   Велика Британија, Италија, Полска, Шпанија, Холандија и Данска и шефицата на ЕК . Стравуваа дека  доколку бидат икслучени од  преговорите за крај на војната  ќе биде постигнат договор штетен за Украина и Европа. 

Пред состанокот, Макрон сепак, направил контакт со Трамп - телефонски разговор од 20 минути. Од Елисејската палата не се споделуваат детали. 

Од друга страна, официјална Моска го поздрави итниот состанок во Париз. 

Би било добро разговорите меѓу европските челници да бидат за ставање крај на конфликтот, а не за негово продолжување, изјавил вечерва Песков за руската агенција Интерфакс. Сепак, тој го нарече „тешко“ прашањето за можното распоредување на европски мировни сили во Украина, за кое моментално се разговара во Франција и Велика Британија, бидејќи во него ќе бидат вклучени вооружени сили од земјите-членки на НАТО.

САД и Русија утре ќе ги обноват своите односи со средба меѓу рускиот шеф на дипломатијата Лавров и државниот секретар на САД Марко Рубио. Состанокот треба да се одржи во Ријад – Судиска Арабија. Во центарот на разговорите ќе биде можно решение за војната. И Русија и САД јасно порачаа дека во оваа фаза Украина нема да биде вклучена во разговорите, што го подналути Зеленски, кој изјави дека нема даги признае договорите направени без нив.