-->
-->
Заврши седмиот Меѓународен театарски фестивал „Св.Јоаким Осоговски“
-->
Со претставата „Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски во изведба на младите кривопаланечки актери од драмското студио при Националната установа „Центар за култура“ - Крива Паланка и средношколците од Кривопаланечката гимназија „Ѓорче Петров“, синоќа беше заокружено седмото издание на Меѓународниот театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“.
Претставата ја режираа професорката од СОУ „Ѓ.Петров“, Крива Паланка, Лиле Стојановска и раководителот на драмското студио , режисерот Глигор Цветковски.
По затворањето на фестивалската програма официјалниот крај на фестивалот беше означен со спуштање на фестивалското знаме.
- На овој театарски фестивал кој траеше од 14 до 23 септември учествуваа реномирани театри од земјава и регионот. Настапија нашите драги гости од Србија, Бугарија, Црна Гора, Хрватска и Македонија, се одиграа девет претстави, а Кривопаланчани можеа да уживаат во комедиите кои ги засмеаја до солзи. И годинава средствата од влезниците кои имаа симболична цена ќе бидат донирани во хуманитарни цели, а задоволството ми е што фестивалот прераснува во значајна културна манифестација препознатлива за Крива Паланка-изјави градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алекосвски.
Тој упати благодарност за присуството на сите фестивалски изданија , како и за несебичната поддршка за развој на фестивалот до доајенот на макеоднското глумиште, Кривопаланчанката Милица Стојанова.
Лауреат на годинашниот фестивал беше познатиот македонски драматург, критичар и дипломат, Јордан Плевнеш. Фестивалот се органзиира под покровителство нс локалната самоуправа на општина Крива Паланка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Очекувам добри економски резултати
-
Охрид привлечен за посетителите
-
Текстилната индустрија зависи од странските партнери
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Епископ Делчевско-каменички Марко
-
Православните христијани денеска го празнуваат Божиќ
-
Честитки од политичарите за Божиќ