Заврши пленарната средба на лидерите од Западен Балкан на Брдо кај Крањ
Заврши пленарната средба на лидерите од Западен Балкан на Брдо кај Крањ, кој траел подолго поради усогласување на заклучоците, кои ќе бидат соопштени подоцна.
На состанокот, кој се одржа зад затворени врати, односно без медиуми, присуствуваа македонскиот претседател Стево Пендаровски, српскиот претседател Александар Вучиќ, хрватскиот Зоран Милановиќ, албанскиот Илир Мета, црногорскиот Мило Џукановиќ, членовите на претседателството на БиХ, Милорад Додик, Жељко Комшиќ, Шефик Џаферовиќ, и претседателката на Косово Вјоса Османи.
По средбата, како што е предвидено со агендата на денешниот самит, лидерите ќе посетат замок, по што ќе имаат заеднички ручек, а предвидена е и заедничка прес-конференција за крајот на денешниот самит.
На денешниот самит, лидерите на земјите учеснички ќе ја одбележат 10-годишнината од започнувањето на Иницијативата, но исто така, како што е најавено, „ја потврдуваат и зајакнуваат заложбите за продолжување на процесот на проширување на ЕУ“.
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива