Македонија
1. May 2024 - 16:35

Работниците креваат глас

Бесплатна правна помош за 5369 работници, даде Гласен текстилец во изминатиот период од 365 денови. Пријавите од работниците се однесувале на незаконски откажувања на договорите за вработување, откази за време на боледување и пренамена од неопределено на определено работно време од само 1 ден, поради што многу работнички, претежно од текстилниот сектор останаа без работа, но и без опремнина која ги следува.

-Да, текстилната индустрија се соочуваше со проблем, меѓутоа, начинот на кој работодавачите го правеа тоа, прекинување на договори, откази и слично, не доликува и не е човечно за некои што работеле по 25 години во дадена фирма. Навистина е проблем, бидејќи се соочуваат со тоа каде сега да најдат работа, поради возраста која што ја имаат. Дополнително, се уште се соочуваме во 21 век со доцнење од неколку плати, а со тоа и немање на здравствено и пензиско осигурување, изјави Кристина Ампева, Гласен текстилец-Штип

Отворени се 26 судски процеси, а 3 се мониторирани од страна на Гласен текстилец.

-Од кои 2 се случаи на повреда кои резултирале со смрт на работно место. Мислам дека дел од тие постапки, ако не отидевме ние да ги мониторираме, ќе завршеа повторно на штета на работниците, додаде Ампева

Генерално, рабтониците се охрабрени да ги бараат своите работнички права, самостојно да пријавуваат во трудовиот синдикат, но реалниот сектор се уште се соочува со исплата на минимална плата, без додаток за смена, прекувремена работа, работа на празник или ден недела како неработен ден.