Заврши изградбата на нов бунар и цевковод во село Спанчево
Околу 1.000 жители од селото Спанчево, општина Чешиново-Облешево, добија нов бунар и цевковод за негово поврзување со постојниот резервоар за вода, со што им е обезбедено квалитетно и непрекинато водоснабдување.
Инвестицијата вредна над два милиони денари беше обезбедена преку јавниот повик за користење на ЕУ ИПА грант што го објави Министерството за финансии, а свое учество имаше и локалната самоуправа.
- Новиот бунар е со длабочина од 65 метри и ќе обезбедува дополнителни два литри вода во секунда, што е особено важно за во летниот период кога е намален капацитетот и издржливоста на постоечкиот. На оваа инвестиција се чекаше повеќе години и конечно решивме важен комунален проблем за жителите кои беа принудени да користат алтернативни начини за водоснабдување, истакна градоначалникот на Чешиново-Облешево, Горанчо Крстев.
Изградбата на новиот систем за водоснабдување во Спанчево се реализираше за само три месеци, а водата од новиот бунар преку новоизградениот цевковод ќе се пумпа до резервоарскиот простор по што ќе се дистрибуира низ постоечката водоводна мрежа.
Ново на Сител
-
Поевтинуваат горивата
-
65-годишник украл скутер во Тетово
-
Во сообраќајка на патот кон Средно Водно повредено шестмесечно бебе
-
Муцунски разговараше со израелскиот амбасадор
-
Српскиот патријарх во Македонија за Свети Сава
-
9 лица, меѓу кои и малолетник, приведени во Куманово, нелегално продавале тутун на Градскиот пазар
-
Маж се фрли од зграда во Аеродром | ФОТО
-
Палевски побара изземање на обвинителката Крстевска и целото ОЈО, судењето одложено за 3 февруари