Заврши четвртата смена од летниот камп по веронаука во Рајчица
Во манастирот „Свети Георгиј Победоносец“ во селото Рајчица, кај Дебар заврши четвртата смена од годинашниот летен камп по веронаука.
- Гости во монашката обител на Светиот Георгиј Победоносец беа дваесетина девојчиња од Радовиш, Битола, Прилеп и Охрид. Во текот на петдневниот престој тие имаа прекрасна и за нив многу корисна можност, освен предвидената едукативна програма, да се запознаат и со монашкото секојдневие, учествувајќи во разните послушанија на нашето сестринство, вели сестра Ефимија.
Таа додава дека како и претходните смени деновите ги минале со детска радост и љубов.
- Поучните и длабоки разговори за христијанската етика и однесување, расветлувањето на историските прилики и најважните настани во врска со Охридската Архиепископија и од нив инспирираните чудесно убави уметнички дела, беа само дел од целиот мозаик, со право наречен „Школа на љубовта“, која веруваме дека остави силен впечаток во нивните души, посочи сестра Ефимија.
Како и нивните врсници од Струмица, Гостивар, Кочани, Скопје, Прилеп, Битола и Велес, кои претходно беа наши гости, во манастирот во Рајчица, но и во Бигорскиот манастир, како што вели сестра Ефимија, и тие искажаа огромна благодарност до Архимандрит Партениј за укажаното гостољубие и грижа.
Манастирски гости во рамки на петтата смена од годинашниот летен камп по веронаука ќе бидат деца од Пробиштип и Тетово.
Ново на Сител
-
Средба Мицкоски - Макрон
-
Квалитетот на високото образование зависи само од политичката волја во државата
-
Тема на денот со Марко Бислимовски, претседател на РКЕ
-
Преглед на вестите од светот
-
Орбан домаќин на европските лидери – Мора да се прилагодиме на новата реалност по победата на Трамп
-
Кос бара уставни измени
-
Камала Харис го призна поразот: Веќе се „крчка“ кабинетот на Трамп
-
Опозицијата се уште зборува за предвремени избори