Заврши 16-та ликовна колонија „Карпино“
- Делата се работени во акрил и масло на платно. Уметниците создадоа триесетина дела, изјави, уметничкиот раководител на колонијата, Валентина Илијевска.
Ликовната колонија е посветена на манастирот „Воведение на Пресвета Богородица“ во Сув Ора, позната под името Карпински манастир. На празникот посветен на Голема Богородица, уметниците ја посетија галеријата на икони во црквата „Свети Никола“ во Куманово каде што се наоѓа колекцијата од иконостасот и други експонати од самиот манастир.
Колонијата, оценуваат организаторите има интерактивен карактер. Во рамки на колонијата се одржаа поетски и драмски вечери посветени на еден од иницијаторите за основување на колонијата, Драгиша Димитриевски - Шипе со драмската претстава „Ајде уште по една за роденденот“, според Харолд Пинтер, предводена од актерската млада екипа.
Годинава и учесничката Невена Стефановиќ од Ниш, која е дел од организацијата на нишкиот џез фестивал ликовна колонија во тој град ги презентирала колекцијата на мали дела изработени во штуко техника или т.н. зграфито техника, што е несекојдневие на таков егземплар.
Организаторите им врачија благодарници на учесниците, а претседателот на групата „Луцидо“, од Луковац, БиХ Бранислав Лукиќ додели диплома за активна соработка со колонијата и плакета на долгогодишниот соработник Роберт Цветковски, историчар на уметност и ликовен критичар од кумановскиот Центар за култура.
Пошироката јавност ќе има можност да ги разгледа делата од колонијата на традиционална изложба по повод денот на ослободување на Куманово, а организаторите најавија дека и оваа година делата ќе бидат изложени во галерии и установи од културата во повеќе градови од државата.
Ново на Сител
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
-
Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети