ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
Спасувачка ноќна потрага по изгубено лице на планината Плачковица се одвивала вчера, од крајот на денот.
По јавувањето на 112 во ЦУК, како што информираат оттаму, имало потрага по изгубено повозрасно лице на планината Плачковица, што завршила успешно.
-Спасителите од Доброволна планинска спасувачка служба „Осогово“ Кочани го пронајдоа околу еден час пред полноќ. Конкретно, кон крајот од денот – во 18.08 часот, на Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК беше добиена информација за исчезнато лице на 66 годишна возраст. Лицето заедно со негов пријател дента се упатиле по пешачка патека кон езерото Дивичев Вир на планината Плачковица. Но, при крајот на денот, пријателот се вратил дома, а 66-годишникот возраст не, бидејќи се изгубил во планината. Случајот бил веднаш пријавен во Полициската станица Кочани – информираат од ЦУК.
Во потрагата на лицето прво се вклучиле членови од неговото потесно семејство.
-За итниот случај, од ЦУК биле известени ДЗС од Кочани и Горска служба, а на потрагата се приклучиле и други субјекти од локалната самоуправа. Регионалниот ЦУК Штип пред полноќ информираше дека изгубеното лице на Плачковица е пронајдено живо и во добра состојба во 22.50 часот, од страна на членови на Доброволна планинска спасувачка служба „Осогово“ Кочани. Лицето, поради подолгиот престој на студено време во планината, од спасителите било згрижено и прво затоплено, а потоа и безбедно спуштено до с.Зрновци, каде што имало возила на Полиција и на Итната медицинска помош од Кочани – велат од ЦУК.
Ново на Сител
-
Првични резултати од прегласувањето на парламентарните избори
-
Ковачевски поднесе оставка од функцијата претседател на СДСМ
-
ЦУК: Поплавени дворови и подрумски простории во Драчево
-
Авион принудно слета на аеродромот во Тирана, патник се обидел да се самоубие
-
ДСЗИ изврши надзор на Токсикологија, склучените договори за работа се со потпис на еден директор
-
ДИК: Излезноста до 13 часот е 25,48 проценти, поголема во однос на 8 мај
-
Умерен земјотрес во Романија
-
Говор на омрза врз срцето со македонско знаме и букви на натписот Гостивар