-->
-->
Завршени првите две фази за маркирање на првата планинарска патека на планината Огражден
-->
Во Берово заврши првата и втората фаза од проектот за маркирање на првата планинарска патека на планината Огражден. Маркирањето, како што информираше Љупчо Чучуковски, претседател на ПСК „Голак“, клуб кој е носител на проектот, се реализирало во должина од 10 километри во правец од општина Берово кон врвот Огражден.
– Почетна точка за мапирањето ни беше Баскалска маала во село Двориште, потоа се движевме по Еленски рид, продолживме кон Шаренкова колиба, го искачивме врвот Сува воденица, се до крајната цел врв Огражденец на 1.746 метри надморска висина, информира Чучуковски.
Во наредниот период, ќе пристапиме кон третата фаза со поставување патокази и инфо табла која ќе ги има сите технички карактеристики и која ќе биде поставена во село Двориште.
– Оваа планинарска патека, е според сите законски прописи и правилници на Федерацијата на планинарски патеки и Агенција за поддршка и промоција на туризмот, а во наредниот период истата ќе биде комплетирана и ќе се најде како туристичка понуда на општина Берово, дополни Чучуковски.
Поради тоа што планината Огражден е најнеискачуваната планина од страна на планинарите, а и со цел нејзина промоција, на крајот на месец септември, ПСК „Голак“ и огранокот „Сосна“, ќе организираат планинарски марш кој ќе биде долг 20 километри со висинска разлика од 850 метри.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Повреден жител на Сирково при гаснење на пожар
-
Калањево повторно под опасност од пожарот, се бара поддршка од воздух
-
Исчезнаа 6 Непалци кои работеле во Свети Николе и Пехчево
-
Отворен граничниот премин Богородица - Евзони
-
Мештаните со гранки и лопати го гаснеа пожарот кај Шивец
-
Градоначалникот на Ново Село, пожарникари и цивили заробени од пожарот на Огражден
-
Пожар кај кавадаречко Шивец, постои опасност за селото
-
Приведени крадци во напуштена свињарска фарма во кумановското село Речица