Македонија
17. July 2024 - 12:37

Затворски казни за обвинетите во „Синџир“

Затворски казни, одземени лозја, ниви и обврска да вратат пари. Ова е пресудата за четворица обвинети кои признаа вина за случајот „Синџир“.Со нив, бројот на лица кои признаа дека се здружиле за да прават даночни измами се искачи на десет.

Според пресудата која утринава беше изречена во Основниот кривичен суд, највисока казна доби обвинетиот Јове Ѓеорѓиевски кој прифатил да биде управител на фирма иако цел живот работел како таксист.. Осуден е на две години затвор и ќе треба да врати да илјада евра.

Условна казна во траење од две години доби 75 годишната Љубица Јованова, ќе треба да врати 800 евра, а и се одзема и земјоделско земјиште.