Македонија
29. August 2024 - 12:24

Чадот од депониите најканцерогени

Екологистите бараат итно решавање на проблемот со нестандардните депонии.

Екологистите бараат итно решавање на проблемот со нестандардните депонии. Една  во градот  Струга, другата на превојот  Буково го загадуваат сливот на Охридското езеро, а нивното затворање е  една од  клучните препораки за зачувување на статусот на Унеско.Иако за изградба на регионална депонија е одредена локација кај битолско Новаци сепак поради административни и технички бариери проблемот се удолговлекува.

Чадовите кои се  испуштаат од депониите се најканцерогени. Екологистите бараат одговорност за енормното загадување, особено од депониите, кои што со години ги труе жителите во охридско струшкиот регион.

После дивоградбите најголемите забелешки од страна на Унеско се однесуваат на депониите . Таа на Буково и струшката дива депонија со години се најголемите загадувачи на животната средина.