Затвор од 15 месеци за анестезиoлогот од Тетово кој снимаше пациенти и медицински персонал
Анестезиологот Валтон Дервиши кој на социјалните мрежи во живо снимаше пациенти и вработени во Клиничката болница Тетово денескa на почетокот на судењето ја призна вината, по што судот му одреди единствена казна затвор од една година и три месеци.
Тој беше обвинет за две кривични дела „несовесно работење во службата“ по член 353 од Кривичен законик и кривично дело „неовластено снимање по член 152“. Судот за првото дело му одреди казна затвор од една година, а за второто - пет месеци или единствена казна затвор од една година и три месеци. За изречената казна се засметува и времето во притвор до 14 април до денес.
- Несовесно постапил во вршење на своето овластување и должност на тој начин што неовластено направил видеоснимка во службените простории на Клиничка болница Тетово, Оддел за гинекологија и истите непосредно ги пренесувал во живо на социјалната мрежа Тик-ток, со што на оштетените пациенти и вработени им ги повредил правата и им нанел штета, повредувајќи ја нивната приватност и углед со што и во голема мера ги вознемирил оштетените и пошироката јавност, беше наведено во пресудата која ја прочита судијата Назиф Илијази.
Осудениот има право на жалба на пресудата во рок од осум дена. Судот одлучи да му ја укине мерката притвор и му определи мерка куќен притвор од 60 денови. Осудениот Дервиши снимките ги имаше направено на 14 април годинава, по што беше пријавен во полиција. Беше приведен истиот ден што судија во претходна постапка му одреди и притвор.
Ново на Сител
-
Орбан ќе бара од Европскиот совет да нема заклучоци за Украина
-
Анкета: Само 13 oтсто од Украинците ги сметаат САД за пријателска земја
-
Муцунски: Нашата надворешна политика се базира на усогласеност со политиката на ЕУ и стратешкото партнерство со САД
-
Почна склучувањето договори за новата реколта тутун со нови цени
-
Сиљановска Давкова: Еднаквост и недискриминација, секој е еднаков пред законот
-
Сијарто: Унгарија и Северна Македонија го поддржуваат мирот во Украина што може да се постигне само со американско-руски договор
-
Македонија и Унгарија потпишаа акциски план за размена на експертиза од страна на Унгарската дипломатска академија за јавни службеници
-
Кривична против двајца прилепчани за дрвокрадство