Македонија
17. July 2024 - 12:37

Засилени патроли на полициските службеници во Охрид

И ова лето засилени патроли на полициските службеници во Охрид. Ги има насекаде, по улиците во централното градско подрачје, во приградските населби, покрај плажите,  крајбрежјето и во близина на туристичките објекти, фокусирани да имаме безбедна сезона.

Нема да има толеранција, кон сите оние возачи кои управуваат под дејство на алкохол , наркотични средства  или разговараат на мобилен телефон, и со тоа значително ја доведуваат во опасност безбедноста на сообраќајот, личниот живот и животот на сите учесници во сообраќајот посочува портпаролот Димоски.

Со оглед на зголемениот број возила кон главниот туристички центар од СВР Охрид со апел до возачите на моторни возила на крајна внимателност при управувањето на локалните, регионалните и магистралните патишта. Во изминатите 6 месеци на подрачјето на Охрид регистрирани се вкупно 111 сообраќајни незгоди во кои биле повредени 98 лица.