Запленети 232 парчиња охридска белвица, приведени двајца Албанци на ГП Ќафасан
Министерството за внатрешни работи информира дека денес се приведени две лица од Република Албанија фатени со 232 парчиња охридска белвица.
„Денеска (12.02.2023), по претходно преземени мерки и активности, полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал Струга и Полициската станица за граничен премин Ќафасан на излез од државата ги привеле Х.Ф.(22) и Ч.Е.(22), двајцата од Република Албанија,“ стои во полициското соопштение.
Како што информираат оттаму, при контрола во патничко возило „шкода", со албански национални ознаки, биле пронајдени 232 парчиња охридска белвица кои биле предмет на недозволена трговија од Република Македонија кон Република Албанија.
„Х.Ф. и Ч.Е. се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок,“ додаваат од МВР.
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра