Запалена детска лизгалка и уништени неколку детски игралишта во Аеродром | ФОТО
На својата фејсбук страна утрово Општина Аеродром сподели фотографии од неколку детски игралишта што се целосно уништени од несовесни вандали.
Едно од нив е детското игралиште во населбата Ново Лисиче во близина на детската улица, каде несовесни граѓани ја запалиле детската лизгалка.
Од таму информираат дека во изминатите неколку денови, општинските служби затекнале оштетени детски игралишта, уништени спортско - рекреативни реквизити и урбана опрема на повеќе локации во општината.
„Најстрого го осудуваме овој вандалски чин и апелираме до граѓаните да бидат совесни кон јавните површини. Истовремено бараме од надлежните државни институции со засилени активности да ги спречат појавите на вандализам во општината“, стои во општинската објава.
Урбаната опрема, детските катчиња и спортски игралишта се наша заедничка сопственост и одговорноста за нивно одржување е на сите нас.
Ново на Сител
-
Трамп: Водам сериозни разговори со Путин за завршување на војната
-
Еурофарм Пелистер надмоќен во дербито со Алкалоид, победа со плус 13
-
Кривична против 4 лица поради несовесно работење во службата
-
Кривична за директор и 6 вработени во Центарот за социјални работи
-
ОЈО: Заврши истрагата за Онкологија
-
Фон дер Лајен: Украина може да влезе во ЕУ пред 2030 година
-
52-годишен маж уапсен поради агресивно однесување кон полицајци
-
Кошта: Ги цениме напорите на Трамп, но само Украина решава дали има услови за мировни преговори