Заменикот министер за надворешни работи на Грција поднесе оставка
Премиерот на Грција, Кирјакос Мицотакис ја прифати оставката на заменикот министер за надворешни работи на Грција, задолжен за дијаспората, Андонис Диаматарис, јави дописничката на МИА од Атина.
Оставката на заменикот МНР доаѓа по натписите во медиумите и реакциите од опозициската СИРИЗА дека Диаматарис во неговата биографија на официјалниот сајт на Министерството за надворешни работи на Грција, пишува дека поседува магистерско звање од Универзитетот Колумбија, од самиот Универзитет за грчките медиуми во САД рекле дека тој никогаш не завршил, туку само се запишал на конкретната програма.
Диаматарис завчера, како што објави МИА, во писмена изјава рече дека присуствувал на постдипломската програма на Универзитетот Колумбија, финансиските причини не ми дозволиле да се стекне со диплома.
Сега веќе поранешниот заменик министер за надворешни работи на Грција, Андонис Диаматарис кој беше надлежен за грчката дијаспора е издавач на грчкиот весник во САД „Етникос кирикс“.
Ново на Сител
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
-
Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети