-->
-->
Заложничка драма во Италија- осуден мафијаш држи вработени во пошта
-->

Маж осуден за поврзаност со мафијата , држи заложници во пошта во мало место на северот на Италија.
Под закана со но маж , кој пред неколку дена беше осуден на 19 годишна затворска казна , држи заложници во пошта . Франческо Амато , осуден за поврзаност со мафијата , упаднал во пошта во местото Пјеве Модолени и им се заканил на вработените и затекнатите граѓани.
По извесно време ги ослободил граѓаните и еден вработен , а се уште држи во заложништво четворица вработени во поштата . Тој бара поништување на затворската казна , на која е осуден откаско судот му изрече 15 пресуди за бројни криминални дела ,з аедно со неговиот брат и други членови на криминалната група.
Полицијата е во преговори со Амато за ослободување на вработените од поштата. Во акцијата на полицијата за справување со помошниците на мафијата , се уште се трага по Тунижанецот Баакули , по кого е издадена меѓунардна потерница , како и против Албанецот Билбил Елезај.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Рибарските мрежи опасни по живиот свет во езерото
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Голема симулациска вежба на скопскиот аеродром
-
Беџети контра Ахмети: ДУИ не е за бојкот на изборите
-
ВМРО-ДПМНЕ до Пендаровски – Ако не може да помогне, да не и одмага на Македонија
-
Јанев: Контроли има, недостасува сообраќајна култура
-
Голема симулациска вежба на Скопскиот аеродром
-
Бизнис конфедерацијата на Македонија нуди излез од лавиринтот на минималната плата