Законот за финансиска поддршка на инвестиции пред собраниската Комисија за економски прашања
Членовите на собраниската Комисија за економски прашања денеска ќе разгледуваат Предлог - Законот за финансиска поддршка на инвестициите.
Со Законот се овозможува примена на мерките од првиот и вториот столб од Планот за економски раст, усвоен од Владата во декември 2017 година. Планот за економски раст е креиран во соработка со Стопанските комори, академската заедница и невладиниот сектор. Беа организирани повеќе активности и јавни трибини на кои се дискутираше за мерките од планот, а Законот беше јавно достапен на увид и преку Единствениот електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР).
Овој Предлог - закон овозможува државна финансиска поддршка за нови инвестиции и нови подобро платени работни мести, технолошки развој и внесување иновации на компаниите, со што ќе се зголеми конкурентноста на македонските компании, а целта е да се зголеми извозот и да се постигнат повисоки стапки на економски раст на македонската економија.
Комисијата за економски прашања треба да расправа и за измените и дополнувањата на Законот за Државен пазарен инспекторат, двата во прво читање.
Ново на Сител
-
Надлежните очекуваат раст на заболени од грип, пикот се очекува кон средината на февруари
-
„Најтажниот ден“ во годината
-
Скопје со умерено аерозагадување, Сараево најзагаден град во светот
-
Конан О'Брајан домаќин на 97. доделување „Оскари“
-
Продолжи судењето за убиствата на Вања и Панче, сведокот Гоце Трајковски се уште недостапен
-
Дел од Општина Ѓорче Петров без вода
-
30-дена притвор за Раде Штекли и уште девет лица
-
Американските „тиктокери“ губат потенцијални милиони долари со забраната