Законот за амнестија не доби поддршка од Собранието, министерот Лога најави дека ќе го поднесе повторно по редовна постапка
Предлогот на Владата по скратена постапка да се донесе законот за амнестија не доби поддршка од Собранието, додека министерот за правда Кренар Лога најави дека повторно ќе го поднесе законот за амнестија, овој пат по редовна постапка.
Собранието при утврдувањето на дневниот ред на 129 седница, со 66 гласа „против“, 17 „за“ и тројца „воздржани“, не го изгласа предлогот за носење на Законот за амнестија по скратена постапка. Претходно, опозициската ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе го блокира носењето на законот со доставување голем број амандмани, а амандмани најави и СДСМ со цел да се изземат од амнестирање осудените од предметот „Монструм“.
Лога, на прес-конференција во Собранието вчера порача дека предлогот набрзо ќе биде вратен пред пратениците, бидејќи законот е изготвен, и оти нема ниту една забелешка врзана за законот.
- Денеска Македонија е понеправедна држава од вчера, за жал оваа неподдршка за предлог Законот за амнестија ја гледам како одмазда за измените на Кривичниот законик кон мене и мојата политичка партија, изјави Лога и изрази надеж дека пратениците биле „против“ поради скратената постапка.
Според Лога, Собранието предлогот не го прифатило од Владата, а не од министерот за правда и најави дека пак ќе ја повтори постапката, со редовна процедура.
Министерот Лога пред почетокот на 129. собраниска седница на пратениците им достави албум со фотографии од затворот Идризово, порачувајќи дека одговорноста сега е на Собранието.
-Имате 2100 осуденици во затвор кои имаат лежено повеќе од две третини ако во овој дел се амнестираат имаат 2800 исто така осуденици кои се на улица. И сега реториката дека криминалци ќе излегуваат на улица не е во ред. Вкупно 2 800 тие се на улица што веќе ги имаме меѓу нас. За ова дали имаат одговор. Јас сакав одговорноста како министер да ја префрлам каде што треба да прифатат одговорност. Одговорноста за ваквите чекори му припаѓа денеска на Собранието. И за жал си донесоа таков став. Ќе пробам уште еднаш, истакна Лога.
Со овој предлог Закон се очекува да бидат целосно ослободени од затворска казна 286 осуденици, а делумно да бидат амнестирани 996. Во моментот, 2114 осуденици издржуваат затворска казна, а 2813 треба да влезат во затвор. За тие што чекаат ред за издржување на затворска казна, од Министерството наведуваат дека дополнително ќе се утврдува колку од нив ќе бидат опфатени со амнестијата.
Ново на Сител
-
Тројца мажи осудени за обид за уцена на семејството на Михаел Шумахер
-
Зеленски: Имав значаен разговор со Трамп, заеднички работиме на крај на војната
-
Храната како психолошка зависност | Теодора Делиќ | Личен Развој | Sitel Podcast 082
-
Србија: Уапсени 15 лица, меѓу кои и градоначалникот на Обреновац поради злоупотреби во јавни набавки
-
Трамп разговараше со Зеленски веднаш по разговорот со Путин
-
Врнежи од снег на планинските превои, да се вози внимателно
-
Амбасадорот на Саудиска Арабија: Нема алкохол на Светското првенство во 2034 година
-
Инцидент на дива депонија во Шуто Оризари: Инспектор од Град Скопје пријавил закани од градоначалникот