Загубата на Убер зголемена на милијарда долари
Американската компанија „Убер технолоџис“ во изминатото тромесечие забележа зголемување на загубите на повеќе од милијарда долари, додека приходите се зголемиле за едноцифрени стапки пред планираната иницијална понуда следната година.
Таа компанија за посредување во услугите на превоз, во третото тромесечје работела со загуба од 1,07 милијарди долари, додека во претходниот кавартал загубата изнесувала 891 милиони, пренесува Н1.
Нето приходите на компанијата во изминатото тромесечје се зголемиле за пет отсто во однос на претходниот квартал, на 2,95 милијарди долари, додека бруто приходите и нарачка се зголемиле за шест отсто, на 12, 7 милијарди долари, соопшти Убер.
До неодамна приходите на таа компанија растеа со двоцифрени стапки на квартално ниво, но во последните тромесечја нивниот раст е забавен на едноцифрени. Сепак на годишно ниво и натаму се бележи голем раст. Така нето приходите во изминатото тромесечје биле за 38 отсто поголеми отколку во истиот период минатата година, додека бруто приходите истовремено се зголемиле за 41 отсто.
Како приватна компанија Убер не е должна јавно да објавува финансиски извештаи, но фирмата почна да информира за деловните резултати бидејќи во следната година планира да спроведе јавна понуда и да ги изнесе акциите на берзата.
Ново на Сител
-
Загубите на вода во водоснабдителните системи се „рак рана“ за сите јавни комунални претпријатија
-
Немаме сушари за сушење овошје и зеленчук
-
Увозното смрзнато ќе се заменува со домашно свежо свинско месо
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Борко Ристовски, министер за спорт
-
Мицкоски оптимист за ЕУ интеграцијата и покрај ставовите на Кос
-
Гаши за уставните измени
-
Mицкоски ќе оди на средба со банкарите – да им го каже она што сакал да им го каже