Македонија
21. September 2024 - 10:27

Загина пешак кај кочанското село Тркање

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи утринава во 07:50 часот загина пешак на региоанлниот пат Штип-Кочани во близина на селото Тркање.

Од СВР Штип во изјава за МИА информираат дека собраќајот се пренасочува по експресниот пат и во тек е увид од страна на истражните органи. 

Повеќе детали околу несреќата се најавуваат во текот на денешниот ден.