Заев: За реализација останува уште една третина од буџетот
Градоначалникот на oпштина Струмица, Зоран Заев соопшти дека останува за реализација уште една третина од буџетот на општината и оти досега се реализирани повеќе капитални проекти.
- Во јануари започна и се уште е во тек реконструкцијата на водоводната мрежа на улицата „Климент Охридски“ вредна повеќе од 6,5 милиони денари. Тоа е тој остаток од старите азбестни цевки кои беа предвидени во МЕАП програмата. Секоја година заменуваме значаен дел вреден околу 100 илјади евра. Во завршна фаза е изградбата на системот за фекална канализација во населеното место Добрејци. Со овој зафат се изведуваат вкупно 10.760 метри канализациска мрежа со што ќе се покрие целото населено место, истакна Заев.
За овој, но и за останатите два система во населените места Дабиле и Просениково, обезбедени се 1.136.000 евра од Европската инвестициска банка.
Градоначалникот на Струмица најави и гасификација на нови делови од градот и намалување на цената на приклучок на 500 евра.
Осврнувајќи се на асфалтирањето на улиците и уредувањето на парковите, Заев посочи дека во завршна фаза е и реализацијата на проектот за 50 нови зелени површини во градот и населените места со кој е опфатена површина од 10 илјади метри квадратни. Почната е и реализацијата на проектот „Поддршка на старт ап бизниси за млади“.
Ново на Сител
-
Повторно функционира амбуланта на Попова Шапка
-
Муцунски ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Јапонија, Сецуко Кавахара
-
Белгиска служба за државна безбедност: Се повеќе млади луѓе во Белгија се вклучени во тероризам
-
Непознати лица украле дел од тревник поставен на плоштад во атинска населба
-
Постар маж со нож им се закануваше на студенти на Медицинскиот факултет во Нови Сад
-
Нови сознанија за мистеријата наречена проѕевање
-
26-годишен турчин фатен со дрога во Гази Баба
-
Општина Делчево со парична поддршка за првороденото новороденче во 2025 година