Заев: Отстапувам од 5-ти и согласен сум изборите да се одржат на 8 јули
Јас нема да робувам на 5 јули и како датум да се држам фиксно до него. Имајќи предвид дека и господинот Мицкоски и јас повеќе пати спомнувавме дека поприфатливо е изборите да се одржат во среда како неработен ден, еве отстапувам од 5 јули и согласен сум изборите да бидат на 8 јули среда, а во понеделник и вторник ќе гласаат болните и изнемоштените, граѓаните во самоизолација, граѓаните позитивни кои се во болници и дома, сите хронични болни, повозрасните луѓе, рече лидерот на СДСМ и поранашен премиер Зоран Зав денеска од Струмица, каде што присуствуваше на увидот на завршните работи на новото болничко крило од струмичката болница заедно со премирот Оливер Спасовски и министерот за здравство, Венко Филипче.
Пртседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Макдонија ја повика опозицијата на одговорност, рационалност и конструктивност.
-Сакам да ги информирам сите дека не станува збор за некаков инает или фиксен датум, туку станува збор за нашата држава и нашиот народ. За подобро справување со корона кризата, со здравствената и економската криза предизвикана од вирусот, која трае и ќе трае во перидот што е пред нас. Затоа ни требат избори што поскоро. Не заради пуст датум и заради пусто партиско его. Затоа, реков дека нема да робуваме на датумите. За нас е многу важно да имаме навреме избори за да си ги вратиме институциите, за институциите да му служат на народот со полн капацитет. Институциите се за сите граѓани и за тие што ја поддржуваат власта и за тие што ја подржуваат опозицијата и за тие што никого не поддржуваат. Затоа е многу важно учеството на опозицијата. Апелирам, повикувам на одговорност, на рационалност и на конструктивност. Ова не е време како порано кога на претходната власт и одговараа избори без опозиција. Не, демократијата во која живеме бара активно учество на опозицијата, истакна Заев.
Уште еднаш потенцираше дека опозицијата треба да учествува на изборите, а сепак тие да бидат во разумен рок со цел есента да се дочека со активно собрание и со политичка влада со полн легимитет.
-Ја знаеме длабочината на македонското лето која е. На 43 степени 330 илјади пензионери со маски на лицето – не е во ред да ги носиме на избори и да излегуваат на избори. Затоа е важно да бидеме рационални. На есен почнува учебна година, нов економски циклус, нов можен бран на вирусот и нова грејна сезона. Мораме да ја дочекаме есента подготвени, а за тоа се неопходни целосно функционални институции, рече Заев.
Ново на Сител
-
Возачот што ја прегази Фросина ќе се гони за кривично дело со умисла
-
Филков ја разреши Даниела Алексовска Стојановска од работната група за измените во Кривичниот законик
-
ВМРО–ДПМНЕ и СДСМ продолжуваат со препукувањата за судијката Алексовска Стојановска
-
Собранието со јавна расправа за подобра безбедност во сообраќајот
-
Запленети 1 милион евра во акцијата Вардар, фалсификувани пари пронајдени и во 6 европски држави
-
Проширена истрагата за Адитив - Осомничени уште 8 лица
-
Обвинетите за убиството на Вања еден час ја чекале да излезе од зградата за да ја грабнат
-
Владата сака независно тело да пресметува официјална потрошувачка кошница