Заев: Македонија и Бугарија не се само пријатели, туку и сојузници
Со Бугарија не сме само пријатели, туку станавме и сојузници, изјави премиерот Зоран Заев во интервју за Бугарската национална телевизја - БТВ.
- Македонија доби со Договорот за добрососедство со Бугарија, а не загуби ништо. Ние зборуваме на јазик на којшто се разбираме. Само заедно можеме да си помогнеме и да одиме напред, изјави Заев.
Тој кажа и дека Договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија ќе биде ратификуван до крајот на годината.
Шефот на македонската Влада изрази силна поддршка за изградбата на Коридорот 8.
– Потребна ни е економска поврзаност од Драч преку Скопје до Бугарија, вели Заев.
Во однос на историските прашања што ги засега двете земји, Заев рече дека во учебниците веќе не се говори за „бугарски фашистички окупатор“ и оти македонското општество го осудило уништувањето на споменикот на Кајмакчалан зашто тоа предизвикало страдање кај Бугарите.
- Личностите од нашата заедничка историја треба да не поврзуваат. Кавгите не носат перспектива, туку носат лошо. Македонија и Бугарија се искрени пријатели и треба да го градат тоа пријателство, потенцира Заев.
Тој посочи и дека никогаш повеќе во Република Македонија нема да се повтори политичката криза која и се случи на земјава последниве години кога немаше слобода, а многу невини луѓе беа испратени во затвор.
- Сакаме да гледаме напред кон иднината, а не да се враќаме назад, рече Заев.
Тој го кажа и својот став во однос на долгогодишниот спор со Грција за името.
- Јас сум политичар кој сака да го реши проблемот со Грција за името. Веројатно и двете страни ќе треба да направат компромиси, нагласи премиерот Зоран Заев во интервју за БТВ
Ново на Сител
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива
-
Каде ќе завршат гласовите за Османи и Таравари во вториот круг - одлука ќе се носи во следните денови
-
Парламентарни избори