Заев-Китаровиќ: Силна поддршка од Хрватска за интеграциите на Македонија
Премиерот Зоран Заев придружуван од вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, министерот за надворешни работи Никола Димитров, министерката задолжена за странски инвестиции Зорица Апостолска и државниот секретар во МНР Виктор Димовски, имаше работна вечера со хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ, придружувана од хрватска делегација и амбасадорката на Хрватска во Македонија Данијела Баришиќ.
Китаровиќ, пренесе порака на силна поддршка од Хрватска на интегративните процеси на Македонија.
Истакна дека Хрватска се радува на постигнатите успеси на Македонија, на внатрешен и надворешен план, дека Хрватска е подготвена да продолжи да дава уште поактивна политичка и техничка поддршка за се што и е потребно на Македонија во делот на евроинтеграциите, како и во рамки на демократските процеси.
Пораката на Китаровиќ е Македонија да учи од искуството на Хрватска и со квалитетни домашни реформи да ги затвора поглавјата од пристапните преговори, затоа што се тие потоа значајни и за квалитетот на живот на граѓаните, и за државата.
- Мотивирано работиме на реформите, заедно со сите политички и општествени чинители во државата, посебно по чистата неусловена препорака што ја добивме од ЕК и пораките што ги испраќа ЕУ кон Источна Европа, дека местото на овој регион е во Унијата. Многу ни значат искреното пријателство и големата поддршка што Република Хрватска ги даваше и ги дава на Република Македонија, а ние ќе продолжиме да даваме причини да ги олесниме тие заложби за интегративна иднина на нашата држава. Успеавме да изградиме и пријателство со соседите, има уште едно прашање кое што треба да го решиме, за кое што е потребна креативност во пристапот и не е неможно да се реши. Нашата цел е да добиеме датум за почеток на преговорите на нашата држава со ЕУ во јуни од Советот на ЕУ, што ќе биде силно охрабрување за граѓаните и институциите за перспективите на Република Македонија, но тоа ќе придонесе и кон стабилност и безбедност на цела Европа, рече премиерот Заев.
На работната вечера Заев и Китаровиќ се согласија дека двете држави подеднакво ќе се заложуваат за развој на културните, образовните и сите други права за етничките заедници во земјите.
Премиерот Заев соопшти дека Македонија одлучно се развива во едно општество за сите граѓани. На средбата е договорено интензивирање и на економската соработка и зголемување на трговската размена.
Ново на Сител
-
Проширена истрагата и за родителите на Васил – судиите од Кривичен застанаа зад својата колешка
-
Поништен солидарниот данок
-
Од денеска повторно во функција железничката линија Куманово-Скопје, ќе се патува за 41 минута
-
Што (не) треба да содржи новата потрошувачка кошница?
-
Прв состанок на Управниот одбор на Националната развојна стратегија во проширен состав
-
Промоција на нови судии и јавни обвинители, IX генерација чека одлука
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителството ја проширува истрагата за смртта на Фросина