За вакцинирање се пријавиле 430 вработени во гостиварската болница
Речиси осумдесет проценти од вработените во гостиварската општа болница „Ферид Мурад“ се пријавиле за вакцинација против Ковид-19. Во најголемата здравствена установа во Гостивар очекуваат деновиве да добијат и конкретни насоки за почеток со имунизацијата на персоналот.
Првиот човек на болницата Јакуп Јакупи потврди дека 430 вработени во болницата од кои најголемиот дел се медицински лица се пријавиле за вакцинирање, а меѓу нив е тој лично.
– Според извештајот кој го поднесовме и списокот кој ни го испратија од Министерството за здравство, регистрирани се 430 пред сè медицински лица кои искажале интерес да ја примат вакцинацијата. Сите тие многу сериозно ја сфатија веста за вакцинацијата и не покажале двоумење. Поголемиот дел од моите колеги и персонал веќе се вакцинирани против сезонски грип, рече директорот на гостиварската болница, Јакуп Јакупи.
Тој оценува дека состојбата со пандемијата во гостиварско е стабилна и појасни дека во моментов во болницата има седум пациенти со Ковид-19 кои се хоспитализирани во инфективното одделение. Од нив тројца се на кислородна поддршка. Јакупи апелираше до граѓаните и покрај добрата епидемиолошка слика да се продолжат со спроведувањето на заштитните мерки.
– Ситуацијата засега е стабилна. Заболените пациенти се на инфективното одделение, а другите „ковид центри“ во кои згрижувавме заболени од „ковид“ се затворени. Па така одделите за интерна медицина и неврологија се вратија во нормален режим. Очекуваме деновиве да се отвори модуларната болница со 35 кревети, рече Јакупи.
Здравствените власти и медицинските работници од Здравствен дом Гостивар интензивно работат на определување подготвка на пунктови во кои ќе се спроведува имунизацијата.
Од почетокот на пандемијата во гостиварскиот регион регистрирани се 3.710 лица заразени со коронавирус, 3.425 се оздравени. Како последица на компликации од болеста починале 171 пациент. До денес како активни се водат 114 случаи.
Ново на Сител
-
Терористички напад во Тел Авив, шестмина мртви | ВИДЕО
-
Иран лансираше ракети кон Израел | ВИДЕО
-
Контрола во правно лице во Скопје, затекнати седум турски државјани кои незаконски работеле во државата
-
Почина жена на Клиника во Скопје
-
Скопјанец со автомобил намерно удрил во тинејџер при што го повредил
-
Пронајдена дрога кај осуденик во штипскиот затвор
-
Роднини од Врапчиште туркале судија и не му дозволиле да изврши увид
-
Ѝ се заканил на судијка дека ќе ја убие, ОЈО поведе постапка