За три месеци заболени 11 лица од мали сипаници, а во 2017 вкупно имало 19
За три месеци во Македонија регистрирани се 11 случаи на мали сипаници, осум од заболените живеат во Скопје, а по еден во Куманово, Тетово и Охрид. Во 2017 година биле регситрирани 19 случаи од кои 16 во Центарот за јавно здравје Скопје и по еден во центрите во Струга, Прилеп и Тетово.
Според податоците на Секторот за превенција и контрола на заразни болести при Институтот за јавно здравје Скопје, а според датум на заболување, во јануари се регистрирани четири случаи и седум во февруари. Заболеното лице кое е регистрирано во Охрид било на привремен престој во градот кај роднини, а со адреса на живеење во Призрен, Косово.
Од заболените од мали сипаници во 2017 година, 14 лица не биле вакцинирани, четворица биле на возраст над 29 години и биле вакцинирани со една доза, а едно лице со две дози. Индексниот случај во епидемијата било и едно невакцинирано дете кое имало контакт со сомнителен случај во Косово.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, хоспитализирани биле седум од заболените лица, а кај два случаи се регистрирани компликации во вид на пневмонија.
Од Институтот информираат дека биле превземени мерки со кои е спроведено епидемиолошко истражување на секој поединечен случај на мали сипаници, проверен е вакциналниот статус на сите зболени лица и нивните контакти... Препорачуваат да се продолжи со засилениот епидемиолошки надзор над исипните трески. Секој случај на мали сипаници кој исполнува клинички критериуми епидемиолошки да се истражи и лабораториски да се тестира. Да се анимираат матичните лекари/педијатри да ги пријавуваат сите суспектните случаи до епидемиолошката служба на надлежниот Центар за јавно здравје (по телефон, маил), во рок од 24 часа од откривањето и да го упатуваат пациентот на преглед кај специјалист инфектолог.
Ново на Сител
-
Oд метастазиран рак до без рак за неколку месеци
-
Приведено лице од Крушевско за предизвикување пожар
-
Волците во Европа преминуваат од „строго заштитени“ во „заштитени“ животни
-
Фетел: Шумахер е најголемиот возач во историјата на Формула 1
-
Студенти од ФИНКИ ќе му помагаат на МОН во унапредување на дигиталното работење
-
Зеленски: Украина сака мир
-
Додик повикан на распит во Обвинителството на БиХ за поткопување на уставниот поредок
-
Туск: Вистинското лидерство значи почитување на партнерите и сојузниците